ДОБРЕДОЈДОВТЕ!

Ова е веб сајт на  Здружението Регионален центар за лица со интелектуална попреченост ПОРАКА НАША oд Куманово .

ПОРАКА НАША е граѓанско родителска организација која ги застапува правата и интересите на лицата со интелектуална попреченост и нивните семејства и е оформенa во 1966 година.

ЗОШТО РОДИТЕЛСКА? 

 Да се стане родител е едно прекрасно чувство но во исто време носи и голема обврска. Да се стане родител на дете со интелектуална попреченост е огромна доживотна обврска но во исто време и изолираност од сите случувања.

      Првиот шок во моментот на дознавањето за попреченоста на детето предизвикува еден одбранбен став и негирање на вистината . За жал во тој момент  на родителите никој не им ја посочува патеката по која треба да врват за да си ја олеснат својата судбината. Родителите тргнуват боси по една долга трнлива патека на која и најмалиот трн длабоко допира и остава трага во нивните души.         ПОВЕЌЕ